Се појави проблем: Дали вакцината на “Pfizer„ и “Biontech„ против Ковид -19 ќе може воопшто да се дистрибуира ?
Откако беше објавено дека вакцината против Ковид – 19 на фармацевтските компании “Pfizer„ и “Biontech„ успешно влегува во финална фаза, со огромна доза на оптимизам светските челници ја поздравија оваа најава, а истото веднаш се одрази и на светските берзи. Европската Унија отиде дотаму што дури веднаш потпиша договор за набавка на првите дози од оваа вакцина, кога истата ќе ја помине и последната фаза.
Сепак, овој оптимизам спласна откако беше објавено дека вакацината ќе мора постојано да се одржува и дистрибуира на температура пониска од -70 степени целзиусови, што е речиси логистички неизводливо дури и за најразвиените здравствени системи.
Дека ова ќе претставува огромен предизвик за сите држави предупредуваат и неколку професори и научници. Според зборовите на професорот од Универзитетот Кембриџ, Гордон Дуган, повеќето вакцини се чуваат при температура од 4 степени или малку пониска, но не и на -70 степени. Според него, тоа прилично ќе ја отежни доставата на вакцината.
Мајл Хед кој е постар стручен соработник на Универзитетот во Саутемптон, исто така смета дека ќе има проблеми со дистрибуцијата. Според него, складирањето на вакцината на температура од минус 70 степени е проблем за многу британски установи, а не пак за здравствените системи на други земји.
Според Алекандар Едврадс од Универзитетот во Ридинг компаниите и научните институти бргу ќе реагираат за решавање на овој проблем и истиот брзо ќе биде надминат.
Мите Јаначков