Совет на Општина Неготинo: Парите за Новогодишно украсување на градот ќе се донираат на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Неготино
26.11.2020
Поради состојбата со пандемијата од Ковид – 19 во државата , а воедно и во Општина Неготино, годинава одлучивме дел од средствата кои беа предвидени за украсување на општината по повод Новогодишните празници, да ги донираме за Ковид – 19 одделението во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, информираат од Општината.
Oваа одлука денес едногласно ја донесе Советот на општина Неготино на својата петнаесетта вонредна седница, со што општина Неготино ќе донира 100.000 денари за потребите на дневната ковид амбуланта, која функционира во склоп на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино.
Сепак, Општина Неготино годинава ќе направи скромно украсување на градот со материјалите кои ги има набавено од претходните години, за барем малку да се внесе празнична еуфорија и позитивна енергија кај граѓаните во текот на Новогодишните празници.
Мите Јаначков