Останете дома: Алармантно загадување на воздухот во Неготино вечерва !
29.11.2020
Мобилната нестандардна мерна станица со која секојдневно и редовно се мери загадувањето на амбиенталниот воздух, а која е во сопственост на Здружението на граѓани „ЕкоВита“ – Неготино, вечерва покажува енормна загаденост на воздухот во Неготино.
Вечерва се измерени 882 ПМ 10, а 723 ПМ 2.5 честички што претставува повеќекратно загадување на воздухот, кој со овие параметри е опасен по здравјето и животот на граѓаните, информира дипл. биоинженер Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „ЕкоВита“ – Неготино.
Со оглед на тоа што во Неготино нема официјални мерни станици, граѓаните се приморани да користат аматерски мерни станици, а со цел истите да имаат увид квалитетот на воздухот што го дишат, додаваат од Здружението.
Од Здружението на граѓани „ЕкоВита“, поради крајно алармантното загадување на воздухот, упатуваат апел до граѓаните на Неготино вечерва да останат во своите домови.
Мите Јаначков