Хуманоста на дело: Црвениот крст Неготино постави мобилна чекална – шатор во дворот на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино
02.12.2020
Општинската организација на Црвениот крст Неготино, веднаш одговори на барањето на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино и изврши монтажа на мобилна чекална-шатор со грејно тело и клупи за седење, веднаш пред службата за Итна медицинска помош за згрижување на пациентите кои треба да примаат дневна терапија за КОВИД 19, информираат од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.
Од ЈЗУ Здравствен дом – Неготино изразуваат огромна благодарност до членовите на Општинската организација на Црвениот крст Неготино за брзата реакција, како и високиот степен на солидарност и хуманост. Од таму, додаваат дека во овие моменти помошта е потребна повеќе од било кога, без разлика од каде истата доаѓа.
Поради влошените временски услови мобилната чекална е монтирана во вистинско време, обезбедена е со грејно тело и сега пациентите ќе бидат згрижени на топло, информира д-р. Билјана Филипова, директорка на ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.
Mите Јаначков