Ковид – 19 во Тиквешијата: Едно лице ја загуби битката, 33 лица се новозаразени
11.12.2020
Еден пациент на 57 годишна возраст од Кавадарци ја загубил битката со корона вирусот на скопските клиники, а денеска во статистиката на кавадаречкиот Центар за јавно здравје, до овој момент се евидентираат 33 нови позитивни на вирусот.
Во Кавадарци се регистрирани 22 нови случаи, еден во Росоман, десет во Неготино.
„Новите позитивни се на возраст од 27 до 80 години. Очекуваме уште резултати од направени тестирања“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во кавадаречката болница на ковид одделот во изминативе 24 часа се примени на лекување уште двајца пациенти и моментално се хоспитализирани 56. Слободни се уште 4 болнички кревети.
Во текот на вчерашниот ден, според извештајот од министерството за здравство во Кавадарци се евидентирани 40 излекувани пациенти. Од вкупниот број позитивни 1559, активни се 566 случаи.
Мите Јаначков