Едно лице од Неготино почина, 13 нови позитивни на коронавирус во Тиквешијата
Објавено на 22 декември, 2020 во 12:29
22.12.2020
Едно лице на 74 годишна возраст од Неготино почина, додека во текот на изминатото деноноќие во Тиквешијата се дијагностицирани вкупно 13 нови случаи.
Помал број на тестирања за време на викендот и помалку нови позитивни на Kовид 19, покажуваат податоците од Центарот за јавно здравје Кавадарци за изминатото деноноќие.
„Седум нови има во Кавадарци, пет во Росоман и еден во Неготино. На возраст се од 13 до 77 години, информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Помал е бројот и на пациенти кои се хоспитализирани во кавадаречката болница на ковид одделот. Во вчерашниот ден вкупно беа 39 пациенти. Слободни се 21 болнички кревет.
Мите Јаначков