Еден починат, нови 26 заболени и 43 оздравени ковид пациенти, се намалува бројот на болнички пациенти во велешка болница
22.12.2020
Центарот за јавно здравје регистрира нови 26 заболени граѓани од коронавирусот со што од почетокот на пандемијата до денеска вкупниот број во велешко изнесува 2663 пациенти.
Расне бројот на оздравени. Денеска се регистрирано 43 граѓани со што вкупно досега 1929 лица се водат како оздравени од инфективното заболување.
Бројот на починати од ковид-19 во велешко изнесува 85.
-Во моментов како активни на болеста се водат 619 граѓани и граѓанки. Од нив 38 се на болничко лекување на Инфективно одделение во Општа болница Велес, 6 во приватни клиники во Скопје и 575 граѓани и граѓанки се лекуваат дома од коронавирус, рече в.д директорката на Центар за јавно здравје Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
Во текот на вчерашниот ден , попладнето ,починат е пациент на 65 годишна возраст, позитивен на Ковид 19, од Свети Николе кој четири дена се лекувал на Инфективно одделение.
И според информациите на ЈЗУ Општа болница Велес се потврдува дека општината како да го надмина и третиот бран на опасното заразно заболување.
-Вкупно на болничко лекување сенаоѓаат 36 ковид пациенти. Од нив 28 се потврдено позитивни, непотврдени се 3 и негативни се 5 пациенти. На кислородна поддршка се наоѓаат 13 пациенти што изнесува над 30 отсто и е висок процент.
Од болницата денеска испишани се 3 пациенти како оздравени, со по еден негативен брис, рече д-р Елеонора Јованова портпаролка на Општа болница Велес.
Најголем број од ковид пациентите, вкупно 30 се лекуваат на Инфективно одделение додека на Одделението за физикална медицина и рехабилитација 2 и на Интерно 4 пациенти.
Стоилко Андреевски