Се превртел камион „ман“ на Гроот, возачот со тешки повреди задржан во Општа болница Велес
Објавено: 19 април, 2026, во 13:05 часот
Сообраќајната незгода во Сектор за внатрени работи Велес била пријавена вчера, во 15:00 часот кога било соопштено дека на локалниот пат Велес – Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61) од Велес, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
-Пациентот во болница беше сниман и лекари специјалисти по хирургија констатираа дека има тешки телесни повреди, поточно, скршеница на едно ребро и напукнатини на два пршлени. Укажана му беше интервенција а потоа беше задржан на болничко лекување. Тој беше иследуван се до денеска напладне, кога беше испуштен од болница со препишана терапија и дадени инструкции за мирување како и за контрола на скршеницата и напукнатите пршлени, рече портпаролката на Општа болница Велес, др Ана Марија Џунџева.
Убавка Јаневска




