Заедно против Ковид -19: Граѓански организации со донација за Ковид-центарот во Неготино
30.12.2020
Граѓанските организации СПО КУЛ и НВО Инфоцентар, во соработка со Општина Неготино, донираа постелнина, ќебиња, бесконтактни топломери, UV ламби за стерилизација, средства за дезинфекција на раце, средства за хигиена и бришачи за раце наменети за потребите на Ковид-одделот во јавниот здравствен дом во Неготино.
Граѓаните, здравствените установи и општината во целина, во континуитет со соочуваат со големи предизвици во борбата со коронавирусот. Имајќи го предвид огромното значење на Ковид-центарот во справувањето со кризата и лекувањето на заболените од коронавирусот во Општина Неготино, сметавме дека е исклучително важно да помогнеме во неговото доопремување и натамошно успешно функционирање, лекување и згрижување на заболените, велат членови на граѓанските организации и претставници на општината кои беа вклучени во донацијата.
Оваа граѓанска акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.
Мите Јаначков