Франција ќе започне со олеснување на рестриктивните мерки, одржување концерти и фестивали со ограничен број на публика
19.02.2021
Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот”. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро”.
Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив не присуствуваат повеќе од пет илјади луѓе.
Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот.
Услов е сите гледачи да имаат место за седење, а присутните да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Освен тоа, Владата ќе создаде фонд од триесет милиони евра, кој ќе ја надомести штетата во случај на откажување на некој настан поради пандемијата на коронавирусот. Уште петнаесет милиони евра ќе бидат наменети за снимање на настаните и нивно емитување на интернет.