Во велешка болница вкупно хоспитализирани се 34 пациенти
Објавено на 22 февруари, 2021 во 12:53
22.02.2021
Во Општа болница Велес, хоспитализирани се вкупно 34 ковид пациенти. Од нив на Инфектино одделение се лекуваат 31, додека на Интерно одделение само тројца пациенти.
-Од вкупниот број на хоспитализирани, 24 се потврдени позитивни, шест сомнителни и четири пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова
На кислородна поддршка се 10 пациенти.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките воведени од страна на Владата со цел да се спречи ширењето на ковронавирусот.
Стефани Манева