УХМР: Денеска сончево од утре облачно со повремен дожд
Објавено на 4 март, 2021 во 08:23
04.03.2021
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Од утре ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од повремен снег.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.