СВР Велес: Една тепачка и физички нападната жена
08.03.2021
Во Полициската станица Велес, 44 годишна жена пријавила дека околу 18:30 часот, била физички нападната од својот поранешен сопруг Б.И. (48). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, се случила и тепачка по кратка вербална расправија помеѓу Б.Ј. (19) и М.А. (23) и двајцата од Велес, истата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Спроведена и акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се регистрирани седум прекршоци. Од нив, три во Велес и Кавадарци и еден во Неготино.
За Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 62 лица и тоа 26 од Велес, 12 од Кавадарци и 14 од Неготино.
Стефани Манева