Кој е најпродаван кинески бренд на паметни телефони ?
09.03.2021
Иако многумина сеуште не слушнале за овој кинески бренд, токму компанијата Oppo стана лидер на пазарот на смартфони во Кина.
Лидерската позиција Oppo ја презема од Huawei и стана најпродаваниот бренд на смартфони во Кина за првпат во историјата.
Продажбата на компанијата Oppo порасна за 26 отсто во однос на минатата година, односно за 33 осто во однос на минатиот месец. Новата серија Reno 5 имаше голем успех бидејќи понуди подобри спецификации по ниски цени во однос на претходната серија Reno 4.
Компанијата Huawei забележа пад на продажбата поради американските санкции, а исто така го продадоа Honor.
Овие бројки се однесуваат само на еден месец, но се очекува дополнителен пад на Huawei во текот на оваа година.
Oppo се надева дека ќе забележи уште поголем профит со смартфонот Find X3 Pro.
Мите Јаначков