Пијано-ураган од Шведска доаѓа да ја протресе Македонија: Најавен аудио-визуелниот спектакл „Silver Night“ на дивата Арлен
Објавено: 7 август, 2026, во 11:15 часот
Оваа есен, македонската културна сцена ќе биде сведок на настан што ги урива традиционалните граници на класичната музика. Светски признатата пијанистка Арлен, која успешно ја гради својата кариера и ужива висока репутација во Шведска, се враќа во родната Македонија со својот најголем и најамбициозен проект досега – националната турнеја „Silver Night“.
Сите што очекуваат класичен и мирен пијано-рецитал ќе бидат целосно изненадени. „Silver Night“ е замислен како грандиозен, 90-минутен аудио-визуелен спектакл, во кој безвременските дела на Бах, Бетовен и Моцарт добиваат сурова, модерна и неочекувана енергија.
На сцената, класичната музика ќе се судри со моќни хаус-битови, живи соло-делници на саксофон, драматичен оркестарски звук и експлозивни танцови точки. Целото доживување ќе биде надополнето со гламурозна продукција, впечатлив сценски дизајн, светлосни ефекти и пареа, создавајќи атмосфера што повеќе потсетува на светски музички спектакл отколку на традиционален концерт.
Арлен, која на социјалните мрежи веќе има лојална публика од повеќе од 20.000 следбеници, важи за уметник без граници. Нејзиниот моќен, енергичен и препознатлив стил на свирење ја позиционира како вистинска дива на модерната класична сцена – уметник која не бара дозвола, туку ја освојува и доминира сцената.
Покрај епскиот класичен сегмент, во рамките на турнејата премиерно ќе биде изведена и нејзината авторска филмска музика, која ветува силно, емотивно и незаборавно доживување за публиката.
Националната турнеја започнува на 31 октомври и ќе опфати неколку македонски градови:
Велес, на31 октомври во Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Струмица на 7 ноември, воНУЦК „Антон Панов“ и Битола, на 12 ноември во
Центар за култура – Битола
Подготовките за концертот во Скопје се во тек, а датумот и локацијата ќе бидат објавени дополнително.
Организаторот „Инфера Студио“ најавува дека „Silver Night“ ќе биде настан за кој долго ќе се зборува затоа што тоа ќе биде вечер во која класичната музика ќе ја покаже својата најмоќна, најсмела и најсовремена страна.
Информациите за почетокот на продажбата на билетите ќе бидат објавени наскоро. Сите новости и детали за турнејата се достапни на официјалната веб-страница: www.arlentour.com.
Дума.мк
