Амбасадорот Јаќимовиќ му врачи благодарница на премиерот Заев за поддршката по земјотресите во БиХ
10.03.2021
Амбасадорот на Босна и Херцеговина во државава, Драган Јаќимовиќ денеска на премиерот Зоран Заев му врачи благодарница за финансиската поддршка што Владата на Република Северна Македонија ја даде на градовите Козарска Дубица и Костајница, во Република Српска, Босна и Херцеговина, коишто неодамна беа силно погодени од бројни земјотреси.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев ја примил благодарницата денеска на средба во Владата со амбасадорот Јаќимовиќ.
– Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се одлични и дека меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на големото пријателство помеѓу двете држави и беше изразена подготвеност за унапредување на економската и билатералната соработката на двете држави, стои во соопштението.