Ново задолжување на Владата во висина од 12,5 милиони евра
Не сопира трендот на задолжување на државата. Новиот заем е тежок 12,5 милиони евра или 7 милиони повеке од тоа што се бараше со аукцијата на хартии од вредност, пренесува Телма.
6,5 милиони евра од нив треба да се вратат за една година а останатите 6 милиони и 24 000 евра, за 15 години односно до 2031 година.
Најголем интерес имало за 12 месечните записи, односно 4 пати повеке од најавеното а за државните обврзници, целиот износ го откупиле други клиенти. За што ке се потрошат овие пари засега не се знае бидејки во следните денови не доспеваат стари долгови за вракање.
Министерството за финансии и минатата недела ја задолжи државата за двојно повеќе пари, па наместо 15,4 милиони евра, зема 31 милиони евра. Ваквата пракса не ги изненадува економистите.
– Тоа што беа продадени повеќе хартии од вредност отколку што беше најавено со проспектот од 14 јануари (за околу 470 милиони денари, т.е. 7 милиони евра) укажува или на тоа дека наплатата на буџетските приходи е послаба одошто се очекувало, или дека ќе се троши повеќе одошто е планирано.Битно е да има транспарентност, да знаат граѓаните зошто се задолжува владата, а то кај нас, за жал, го нема, смета аналитичарот Бранимир Јовановиќ.
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов повтори банките да внимаваат со кредитирањето на државата, бидејќи сите задолжувања над распишаната сума ке бидат предмет на дополнително законско преиспитување.
Меѓународните кредитори пак, како Светска Банка и германската КФВ банка заемите ги условија со завршуваше на изборите односно кога ке бидат завршени работите на конкретните проекти.
Во однос на тужбата што Наумов ја поднесе против одлуката на ДИК според која влада може да се задолжува над сумата што треба да се врака, Управниот суд за Телма потврди дека сеуште нема донесено одлука.
– Од страна на Судот од тужениот орган се побарани списите по предметот на ден 24.12.2015 година и истите од тужениот орган се доставени во Судот на ден 08.01.2016 година. Со оглед на тоа што предметот е комплетиран со списи на ден 08.01.2016 година,истиот ќе биде решен во најкраток рок, велат од Управниот суд.
Следната аукција ке се одржи на 26 јануари а следниот ден за вракање стасуваат 8,8 милиони евра.