Пронајден е мртов исчезнатиот Коста од Кавадарци
Објавено на 22 август, 2016 во 13:18
Пронајден е исчезнатиот дваесет и петгодишен Коста С од Кавадарци. Мртвото тело на починатиот маж рано утринава, околу 5 часот и 30 минути го откриле во близина на месноста „Прждевски лаки“ покрај автопатот А-1 Гевгелија-Скопје.
По пријавата во полициската станица во Неготино екипа излегла на лице место и извршила увид по што следела идентификација на пронајденото мртво тело. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Коста С. роден во 1991 година од Кавадарци беше пријавен за исчезнат откако вчера управувајќи мотор „Хонда“ изгубил контрола, а потоа излетал од коловозот и починал на лице место./ У.Ј