Чиле ги одложи изборите поради пандемијата

Објавено на 1 април, 2021 во 09:30

1200px Palacio de La Moneda miguelreflex

01.04.2021

Чилеанскиот Парламент го одобри нацрт-законот поднесен од претседателот Себастијан Пинера за одложување на изборите на локалните и регионални избори што беа закажани на 15 и 16 мај, поради пандемијата со Ковид-19.

Изборите првично беа закажани на 10 и 11 април.

Предлог-законот беше изгласан со 126 гласа „за” и три „против”, и 11 „воздржани”.

И вториот круг за гувернерски избори е одложен за 13 јуни.

Предлог-законот исто така вклучува одложување на изборната кампања за 29 април.

Иако Чиле има најбрза стапка на вакцинација во светот, во изминатиот месец земјата забележа зголемување до 7.000 новозаболени на ден. Во Чиле се одобрени три вакцини – АстраЗенека, Фајзер и Синовак.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.