(ФОТО) Товарен воз прегази човек во центар на Велес
Објавено: 4 април, 2021, во 10:19 часот
04.04.2021
Човекот го прегазил товарниот воз што сообраќал на железничката линија Скопје – Гевгелија. Железничкиот сообраќај во моментов е во прекин . Според непотврдени информации човекот стоел на железничката пруга под комплекс на згради „Чешел“, во центарот на Велес и во близина на мост „Гемиџии“. Тој не се тргнал кога машиновозачот, штом го забележал, ја вклучил сирената и почнал да кочи.

Причина за блокираниот сообраќај во Велес, во моментов, е токму оваа сообраќајна несреќа. Возот стои и блокиран е преминот на мост „Гемиџии“.

Увидната екипа на СВР Велес врши увид. На лице место се и одговорните лица на Железничката станица во Велес.

Повеќе нформации се очекуваат по завршување на увидот.
Убавка Јаневска


