Шаќири најави нови дигитални услуги, поврзани со издавање на лични карти, пасоши

Објавено на 15 април, 2021 во 11:51

 шаќири

15.04.2021

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Јетон Шаќири соопшти дека во соработка со Министерството за внатрешни работи набргу ќе бидат достапни 24 нови услуги поврзани со замена и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.

-Бројот на услуги за граѓаните и за компаниите значително ќе се зголеми преку ИПА-проектот за е-Влада кој е почнат и со чија реализација ќе се развијат нови 135 услуги, а исто така ќе се дигитализираат и регистрите потребни за развој на овие услуги. Ја зголемивме нашата поддршка за сите други институции да бидат вклучени во овој процес. Комуницираме со сите министерства и дирекции во земјава и имаме полдни резултати, рече Шаќири.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.