УХМР: Врнежи од дожд и пониски температури во текот на денот

Објавено на 23 април, 2021 во 07:38

dozd

23.04.2021

Времето денеска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Под влијание на влажен бран од југ, денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2).

Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали, а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.