Големи штети направил градот во росоманско

Објавено на 25 мај, 2015 во 10:21

Интензивни врнежи од дожд и град вчера попладне ги зафатија Росоман и околинината. Настрадаа многу земјоделски насади. Градот бил со големина на лешник и орев.

Земјоделците кажуваат дека после обиколката на терен утврдиле дека многу плодови- праски и круши биле  испаѓани на земја, а  многу биле оштетени. Штети има и на градинарските култури.

Првичните информации дека се работи за големи штети во земјоделското производство потврдува и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов. Тој најави дека утре комисии од општината ќе излезат на терен да направат проценка на вистинските штети.

Покрај Росоман, градоносниот облак ги зафати и селата Манастирец, Трстеник и дел на Сирково./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.