Градинката „Праскичка“ во Росоман исполнета до последно место

Објавено на 10 март, 2015 во 14:59

Градинката во Росоман работи со полн капацитет. Во моментот во „Праскичка“ се згрижени 80 дечиња од Росоман и околните села. Бидејќи интересот за згрижување во градинка е најголем од селото Сирково постои иницијатива  да се отвори дисперзирана градинка во ова населено место, велат од локалната самоуправа.

„Градинката во Росоман работи како и останатите градинки во Македонија, по изготвен план за работа. Се следи препораката на надлежното министерство за здрава храна и здрави навики кај младите“ рече директорката на градинката, Андријана Петрова-Ѓоргова и нагласува дека со стартот на земјоделските работисе зголемува и интересот за згрижување на поголем број дечиња.

Граиднката во Росоман започна да работи во вистински момент, кога голем број жители од оваа општина своето вработување го најдоа во германската комапнија „Дрекслмаер“ во Кавадарци. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.