Крушевичка Река попладнево се излеа кај Росоман
Објавено на 3 февруари, 2015 во 17:42
Водата се прелеа и му се закани на дел од асфалтот на регионалниот пат Градско – Прилеп, изјави градоначалникот Стојанче Лазов.
-Засега нема поголеми штети. Во текот на денот пристапивме кон чистење на наносите и превентивно чистење на околината за да не дојде до поголеми последици.
Општината ги утврди критичните точки и превзема активности за спречување на штети од поплавите. Според градоначалникот фирмата „Машинокоп” со својата механизација и помага на општината чии вработени ја следат состојбата на терен и доколку е потребно ќе превземат потребни мерки./У.Ј