Како да го исушите лакот за нокти побрзо?

Објавено: 13 јануари, 2015, во 10:21 часот

Најголемата нервоза после лакирањето на ноктите е нивното сушење. Посебно во ситуации кога се брзаме за некаде и немаме време да ги исушиме па се замачкуваме.

Еве ви 5 супер совети како набрзина да ги исушите тукушто налакираните нокти:

Ледена вода –  Ноктите кои не се исушиле, потопете ги во студена вода со мраз.

Капки – Во повеќето козметички продавници можете да пронајдете капки кои го забрзуваат сушењето на лакот, притоа треба да внимавате да не ги нанесувате во претерана количина.

Студен воздух – Фенот подесете го на ладно сушење и насочете го кон ноктите. За да не се разлие лакот, фенот држете го на сигурна далечина.

Лак за брзо сушење – Ако почесто ви недостига време, лаковите за брзо сушење се вистинскиот избор за вас.

Тенки слоеви –  Наместо два подебели, нанесете три потенки слоеви од лакот. На тој начин лакот побрзо ќе се исуши и ноктите ќе изгледаат посредени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.