Како да го исушите лакот за нокти побрзо?
Објавено: 13 јануари, 2015, во 10:21 часот
Најголемата нервоза после лакирањето на ноктите е нивното сушење. Посебно во ситуации кога се брзаме за некаде и немаме време да ги исушиме па се замачкуваме.
Еве ви 5 супер совети како набрзина да ги исушите тукушто налакираните нокти:
Ледена вода – Ноктите кои не се исушиле, потопете ги во студена вода со мраз.
Капки – Во повеќето козметички продавници можете да пронајдете капки кои го забрзуваат сушењето на лакот, притоа треба да внимавате да не ги нанесувате во претерана количина.
Студен воздух – Фенот подесете го на ладно сушење и насочете го кон ноктите. За да не се разлие лакот, фенот држете го на сигурна далечина.
Лак за брзо сушење – Ако почесто ви недостига време, лаковите за брзо сушење се вистинскиот избор за вас.
Тенки слоеви – Наместо два подебели, нанесете три потенки слоеви од лакот. На тој начин лакот побрзо ќе се исуши и ноктите ќе изгледаат посредени.
