За убав утрински изглед
Објавено: 26 ноември, 2014, во 08:29 часот
Доколку успеете навечер пред спиење да направите неколку работи тогаш утрото ќе ви започне со убава фризура, свежо лице и изглед што гарантира дека сте излегле од салон за убавина а не од постела.
Еве што се треба да направите навечер пред да заспиете:
Измијте ја косата, исушете ја и направете плетенки додека косата е сеуште влажна. Наутро пуштете ги плетенките и ќе имате преубава таласаста коса, а воедно и нова уредна и убава фризура.
Спијте со маска на очи. Така ќе спречите гужвање на кожата околу очите, а наутро овој предел ќе биде најосетлив ќе изгледа свежо, без темни кругови и подочници.
Нанесете хидратантна крема на кожата на лицето и телото пред спиење. Лицето ќе ви биде свежо, а фустанот ќе го носите со голема самодоверба, без размислување дали кожата на нозете ви изгледа сува и испукана.
Зачувајте ги резултатите од фенирање. Ако сте се фенирале денес а сакате ефектот да го продолжите до следното миење на косата, едноставно пред спиење врзете ја косата во високо коњско опавче.
Користете есенцијално масло за нега на кожата на лицето. Наутро ќе изгледате како да сте излегле од козметички третман.
Користете пакување за коса – нема потреба толку да се грижите за сувите испукани краеви а и косата ќе биде полесна за обликување.
Спијте со сатенски перници – така косата нема да се измрси и да се крши, па наутро ќе избегнувате по десет минути на расчешлување на чворовите.
Доколку користите крема за самопотемнување, нанесете ја пред спиење и чекајте добро да се исуши па потое легнете си. Кремата ќе се упие, бојата на кожата ќе биде насекаде изедначена, а постелнината чиста.
