Најтренди чевли во есенскиот дел од сезоната!
Објавено: 21 ноември, 2014, во 09:37 часот
Сакате ли да бидете апсолутно тренди овие денови,набавете си ги неодоливите чевли ‘Elyse’ со потписот на Stellа McCartney!
Светските трендсетерки просто полудеа по овој модел на чевли,кои во многу краток временски период речиси во целост се распродадени на сите он лајн платформи. Иако на многумина не им изгледаа естетски привлечни, овие чевли доживеаја неверојатна популарност меѓу модните вљубенички.
Чевлите во продажба се најдоа во црвена,бела,црна,беж и светло сина боја а особено шармантни ги прават ѕвездичките со кои се посеани. Доколку ги следите трендовите и настојувате секогаш да бидете во тренд,овој модел на чевли за вас е апсолутно must-have!
