Топло,потопло,најтопло
Објавено: 20 ноември, 2014, во 11:16 часот
Има ли нешто потопло и поудобно во студените зимски денови од фин мек оверсајз џемпер во кој просто потонуваме. На наша голема среќа и радост токму тие предимензионирани модели оваа есен и зима се тренди.
Понудата на high-street продавниците навистина е голема и шаренолика,но за да знаете каков џемпер е најидеален за вашиот стил,ние ви донесуваме краток стајл репорт од улиците на светските метрополи,за да во овие стајлинзи пронајдете инспирација за својот супер тренд изглед со пријаено и топло плетено.

