Армани препорачува: блескајте со металик туш за очи
Објавено: 4 ноември, 2014, во 08:17 часот
„Armani Eyes to Kill“ е насловот на најновата линија металик туш за очи, козметика за која дизајнерот смета дека треба и ќе биде меѓу најупотребуваните шминки за претстојната есен- зима.
Изминатите неколку сезони можеби за повеќето металик нијансите за шминка некако се избегнуваа или се користеа помалку, но нивното време набрзо доаѓа.
Металик сјајот придонесува за посебна мистичност и максимален ефект. Наш предлог е да нанесете една линија металик туш, а врз истата уште една линија во црна боја.
Нека Армани биде доволен стимулатор да си го направите шминкањето поинтересно.
