Владата сеуште размислува за Југохром и Макстил

Објавено на 30 октомври, 2014 во 19:39

Владата се` уште размислува дали утре да им наложи на Макстил и на Југохром да го запрат производството, со оглед на тоа што двата индустриски капацитета не успеаја на време да ги исполнат предвидените еколошки стандарди. Иако претходно од надлежното Министерство за животна средина категорично тврдеа дека 31 октомври е крајниот рок за инсталирање на опремата и дека повеќе нема да има одложување, министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека Владата се` уште нема заземено конечен став околу тоа прашање, јави Телма.

– Рокот се` уште не е истечен. Додека не истече рокот, не можеме да прејудицираме каква ќе биде одлуката во однос на која било фирма. Треба да се согледа дали фирмите доставиле акциски план за реализација на оперативните обврски околу добивањето интегрирани еколошки дозволи. До истекот на рокот, законски тие имаат право да презентираат што направиле и што планираат да направат. Кога ќе истече рокот, тогаш ќе има дефинитивен став, изјави Ставрески.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.