Макстил нема да работи три месеци за да инсталира филтри
Макстил ќе прeкине да работи во наредните три месеци, период кога ќе ја инсталира механизацијата која му треба за да работи по еколошки стандарди. Ова е ставот на компанијата која е една од најголемите загадувачи на животната средина во Скопје. Од таму велат дека се инсталира најсовремена опрема, јави Телма.
Колку точно загадуваат големите капацитети никој не знае. Странската акредитирана лабораторија ги испратила резултатите, од мострите кои ги земаа летово. Но од министерството за екологија велат тие не се поминати на Влада. Во меѓувреме распишале тендер за уште едни мерења близу Макстил, Југохром, Фени и Цементарница.
И додека мерните станици покажуваат енормни загадувања на воздухот со цврсти честички, од министерството ги учеа новинарите како да ги читаат резултатите од мерењата. Но, сепак и според нивниот начин на читање, загадување над дозволените граници има.
Иако министерството неколку пати ги одложуваше роковите за обезбедување еколошки дозволи, некои комбинати како што е Југохром не ни почнале да инсталираат филтри. Министерот изаири смета дека и граѓаните можат да придонесат во намалување на загадувањето па ги повика помалку да користат автомобили, повеќе алтернативни извори на енергија, а градежните фирми да ги прекријат градилиштата за дополнително да не шират прашина.