ФОТО: Се реконструира споменик од Првата светска војна кај Росоман
Отпочна првата фаза за реставрација на споменикот на паднатите борци од Унгарија, Австрија, Романија и Турција за време на Првата светска војна кој се наоѓа во близина на Росоман во селото Дебриште. Реставрацијата започна по иницијатива на амбасадорот на Унгарија во земјава, д-р Јоже Бенце.
Денеска споменикот го посетија и пред жртвите се поклонија унгарскиот и австрискиот амбасадор,Јожеф Бенце и Томас Бајер , военото аташе на Турција Гокхан Јигиттурк, градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов и претставници од локална самоуправа Кавадарци.
Споменикот е подигнат во 1918 1918 година, на крајот од Првата светска војна и на него е испишано: „Споменик на победниците, германци, австријци, унгарци и турци“.
Беше најавено дека по реконструкцијата на споменикот во наредниот период ќе се продолжи со реновирање на патот кој води до него, а ќе биде поставен и патоказ, ќе се уредува околниот простор каде додека траеше реконструкцијата на споменикот беа откриени гробници на романски војници./А.Д