Прекинат бојкотот на наставата во Превалец, учениците се вратија на училишните клупи

Објавено на 17 септември, 2014 во 12:50

По четири дена бојкот, учениците од населбата Превалец се вратија на училишните клупи. На вчерашниот состанок, родителите на децата и градоначалникот Славчо чадиев се договориле дел од нивните барања да бидат исполнети.

Градоначалникот се согласил да се подобри хигиената во и околу училиштето, но децата и годинава ќе учат во комбинирани паралелки. Немало услови да се формираат посебни паралелки за секое одделение бидејќи немало доволен број на ученици. Поради ваквата состојба дел од родителите одлучиле своите деца да ги отпишат од ова и да ги запишат во едно од петте основни училишта во градот.

Инаку тие бараа и нова реонизација, со што подрачното училиште наместо во Горно Оризари ќе припадне под некое од градските училишта.  Се жалеа и на хигиената во училиштето како и на комбинираните паралелки. Таму сега наставата ја следат помалку од 45 деца./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.