Банкротира уште еден руски тур оператор
Објавено: 8 септември, 2014, во 08:03 часот
„ Солвекс турне“ еден од најголемите тур-оператори во Санкт Петербург повеќе нема да работи,соопшти Рускиот сојуз на туристичката индустрија.
Во странство во моментот се наоѓаат околу 9.000 туристи кои отпатувале преку оваа компанија. Најголем дел од нив се во Бугарија и Грција.
„ Солвекс турне“ има продадено уште 8.600 аражмани на луѓе кои треба да ги искористат до крајот на годината.
