Најбогатиот Саудиец е во Хрватска
Најбогатиот Саудиец или “арапскиот Ворен Бафет”, внук на првиот саудискиот крал, принцот бин Абдулазиз ал-Сауд, пристигна во Загреб во понеделникот, придружуван од триесет соработници, со цел да се направи кратка пауза за време на неговата европска турнеја, јави Радио Канал 77.
Принцот доаѓа од Монте Карло, а во Хрватска со цел да ги види можностите за инвестирање. Сепак, пристигнувањето во Загреб, а подоцна и во други делови на Хрватска, е од полуофицијален карактер, бидејќи принцот најавил дека сака да се одмори. Медиумите критикуваат дека државните институции не знаат за неговото доаѓање.
Арапскиот принц во меѓувреме, се релаксира на велосипед. Додека национално раководство беше во прославата на Денот на благодарноста, принцот расположено се возел на велосипед во центарот на метрополата, пишуваат медиумите и потсетуваат дека во време кога Хрватска плаче за инвестиции, доаѓањето на принцот треба максимално да се искористи.