Невреме во росоманското село Сирково
Силно невреме синоќа предизвика огромни штети во село Сирково. Жителите велат за час и половина дождот направи пустош во селото каков одамна не се памети.
Нивните проценки велат наврнати се околу 120 литри на метар квадратен.Тие раскажуваат дека немало врнежи од град ниту силен ветер, но силниот дожд кој паѓал околу 90 минути го вратил селото години назад.
Денеска на терен излезе и градоначалникот на општина Росоман, Стојанче Лазов. Тој информира дека од првичните согледувања поројниот дожд направиле пустош во селото. Имало наноси и метарипол, оштетен бил и патот во селото и канализационата мрежа.
Мештаните утринава излегоа и низ земјоделските површини да ја видат состојбата и таму. Во текот на утешниот ден општинска комисија ќе прави проценки на направените штети од невремето.