Груевски најави нова инвестиција и пет илјади вработувања
Објавено на 25 април, 2014 во 07:07
Текстилната компанија „Веибо Груп“ од Турција ќе инвестира 400 милиони долари во Македонија и ќе вработи 5.000 лица, најави премиерот Никола Груевски.
Компанијата која се занимава со производство на кошули, костуми, палта, јакни и панталони, ќе отвори свои капацитети во североисточниот дел од земјата, а производството ќе се пласира на пазарите во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија.
Првичната инвестиција на турската компанија во Македонија ќе биде 180 милиони долари, а во рок од пет години вкупните инвестиции треба да достигнат 400 милиони долари. За овој период се очекува извозот од фабриката на „Веибо“ во земјава кон странство да достигне 600-800 милиони долари.