ЕУ го објави тендерот за реконструкција на пругата Битола – Кременица
Oбјавен е тендерот тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола-Кременица.
Според објавата на Европската Унија инвестицијата е вредна 20 милиони евра и опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола.
Од компаниите кои ќе се одлучат да учествуваатна тендерт се бара гаранција од 300.000 евра. Избраната фирма треба да достави и гаранција во висина од 10 проценти од вредноста на инвестицијата.
На тендерот можат да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час. Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.
Тендерот е отворен до 27 мај кога се очекува да бидат отворени понудите.