Во хајка застрелани два волка во росоманско
Објавено на 17 март, 2014 во 10:03
Два волка застелаа ловџиите на здружението „Тиквешија“ од Кавадарци во хајката што се реализира вчера во атарот на Росоман.
Како што информира претседателот на ова ловечко здружение, Васко Иванов, се работи за редовна хајка, која ја организираат непосредно по сезоната за лов на полезен дивеч.
„Хајката беше одржана во росоманското село Крушевица, во ловиште број 7. Акцијата за оценуваме за доста успешна. Се најдоа неколку волци, а се отстрелаа два, што е голем успех“ рече Иванов.
Во хајката учествуваа 35 ловџции кои по успешно завршената работа се дружеа и имаа организирано заеднички ручек.