Облека која морате да ја имате во орманот
Објавено: 2 декември, 2013, во 09:14 часот
Дали одите на журка,слава или пак сте излегле на пијалак со другарките би требало во наредниот период да засјаете. Еве неколку модни совети кои ќе ви помогнат во тоа.
Црно сако
Неодминливо парче кое се сложува речиси со се. Дали го носите со фустан или некоја убава блуза ова парче облека ќе направи секогаш да бидете елегантни.
Тесен фустан
Дали во црна или во некоја друга боја тесно фустанче е задолжително парче кое ќе ја истакне вашата женска фигура и ќе направи да се чувствувате посебно.
Црвен долг фустан
Доколку сакате да оставите впечаток и да бидете забележана долгиот црвен фустан секако ќе ви помогне во тоа.
Плетени џемпери
Оваа сезона дефинитивно се хит а покрај модната извршуваат и практична функција за добро да ве згреат пред претстојните студени денови.
Свилена кошула
Токму како и малиот црн фустан свилената кошула е нешто што морате да го имате во својот орман.
