Детското игралиште „Парк на пријателите“ за ОУ„Лирија“ во Долно Јаболчиште – донација на Амбасадата на Република Косово

Објавено: 6 јули, 2026, во 10:52 часот

Од фитнес и детски реквизити за придонес во психо-физичкиот развој на децата и младите како и клупи за дружење, одмор и рекреација во чиста животна средина за жителите се состои штотуку изграденото детското игралиште во двор на ОО„Лирија“ во  село Долно Јаболчиште во Општина Чашка. Игралиштето беше предадено во употреба на свеченост, која што се одржа деновиве, од страна на донаторот – Н.Е Флориан Ќехаја, Амбасадор на Р. Косово и Суат Шаќиров, градоначалник на Општина Чашка.

На свеченоста за предавање на игралиштето „Парк на пријателите“присуствуваа бројни гости, локални жители и беше истакнато дека тоа е донација од Владата на Република Косово, реализирана преку Амбасадата на Република Косово во Република Северна Македонија со цел да придонесе како за игра, рекреација и забава на децата така и да се кориси за пријатен простор, седење и социјализација на жителите на ова село во здрава животна средина.

Градоначалникот на општина Чашка, Суат Шаќиров се заблагодари со тоа што  додели благодарница на Амбасадата на Република Косово за финансирањето на овој проект, со надеж за понатамошна успешна соработка.

Долно Јаболчиште е едно од поголемите населени места во општина Чашка со 1.047 жители. Во подрачното училиште учат 220 од вкупно 850 ученици на ООУ„Лирија“ во Горно Јаболчиште со подрачни како во населено место Долно Јаболчиште така и во населено место Горно Врановци.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.