Во мода се асиметрични шишки

Објавено: 28 ноември, 2013, во 10:26 часот

Фризерите оваа сезона акцентот го ставија на асиметрични форми а особено се поиграа со шишките кои се асиметричен детал и важен дел од имиџот.

Шишките се веќе хит неколку сезони а фризерите предлагаат со асиметрија да ја смените формата и така фризурата да ја направите уште поатрактивна.

Асиметричните шишки добро стојат со разни фризури и важно е само да ги прилагодите на лицето. Модерни се разни форми од оние кои се носат од страна,сечени ан средина или со поголема асиметрија така да повеќе го откриваат челото. Овие шишки добро одговараат со кратка и со долга коса,исто се модерни и оние со изразена и дискретна асиметрија. Правило е да со фризурите кај кои е нагласен волуменот да се носат подебели шишки а за оние со истенчени форми и тие треба да бидат благо истенчени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.