Велес во акцијата Ден на дрвото!
Илјадници велешани денеска се вклучија во акцијата Ден на дрвото и излегоа на двете локации кај Езеро Младост и кај Порцеланка да засадат садници.
„Секое дрвце значи живот каде и да го посадиме ќе значи за човекот“, рече граѓанин.
„Убаво е да се засадува секоја година и да остане традицијата. Јас сум возрасен и одамна сум засадувал и во дворови на пријатели ина други локации, насекаде и ги обожавам дрвцата“, рече велешанец.
„Дојдовме да ја зазелениме околината на Велес за да ни биде поубаво почисто“, рече ученик.
Акцијата Ден на дрвото е особено битна за нашата општина која порано важеше за една од најзагадените во земјава, рекоа првите луѓе во градот.
„Оваа година продолжуваме со акцијата Ден на дрвото, нашата општина полека се зазеленува и станува чиста и еколошка. Продолжуваме со акцијата за чиста животна средина заедно со општинската администрација која се вклучи во садењето“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
„Акцијата Ден на дрвото со години наназад е поддржена од Општина Велес, но и јас сум вклучен како претседател на сове, но и граѓанин на Велес. Нејзиното значење е големо бидејќи се зазеленува околината на Велес, а вториот поширок ефект е што праќаме порака до граѓаните за чиста животна средина. Мислам дека на Велес овие два моменти му се силно потребни“, рече Александар Колев, претседател на совет.
Инаку во околината на велес годинава беа засадени околу 200 илјади садници на 50 хектари земја на две локации близу градот./Б.Н.