Прекрасни додатоци за коса на ревијата Долче & Габана
Објавено: 27 ноември, 2013, во 09:02 часот
Ова не е прва година кога дизајнерите Долче & Габана експериментираат со модните додатоци за коса.
Минатата година предлагаа јаки и разнобојни свилен шамии а потоа на ревијата за актуелната сезона моделите шетаа по писта со круни на глава. Што се однесува за сезоната пролет/лето 2014 завладеа нов тренд – парички,цвеќе,тенки обрачи,позлатени кожни ремчиња и сето тоа во комбинација со масивни обетки.
Фризури на антички божици со брановидна коса собрана на теме класичниот Долче & Габанаја дополни со мејк ап со боја на праска со нагласување на природноста на лицето со нагласено руменило и привлечни црвени усни. Тушот за очи кој го сакаат дизајнерите овој пат скромно го употреби за цртање на линија на горните трепки.
