Природни рецепти за вадење на шминка
Објавено: 25 ноември, 2013, во 09:30 часот
Лесно и едноставно исчистете го лицето од шминката и при тоа негувајте ја кожата,но и да заштедите.Еве интересни предлози…
Бадемово масло
Французинките многу често го користат ова масло за отстранување на шминката. Нанесете само неколку капки од ова масло на вата и прво исчистете ги капките и трепките. Ако треба повторете ја постапката,после тоа измијте го лицето во млака вода и избришете го со чиста крпа. Многу е добро за сува кожа .
Краставица и млеко
Ова е уште една природна состојка за отстранување на шминка. Излупете голема краставица,измиксајте ја во пире,додадете половина децилитар млеко и сето тоа варете го 10 минути на тивок оган. Кога смесата ќе се излади можете да ја користете. Ако ја држите во затворена кутија во фрижидер може да стои и неколк денови.
Зелен чај и оризово млеко
Се што ви треба е два децилитра зелен чај да се измеша со еден децилитар млеко од ориз,кое треба да се излади на собна температура. Со помош на вата нанесете ја смесата на лицето и нежно исчистете ја шминката.
Лимонов сок и оризово млеко
Измешајте сок од свежо исцеден лимон и оризово млеко во однос 1:2 и се добро измешајте. Со помош на вата нанесете ја смесата на лицето и нежно исчистете ја шминката. Со оглед на тоа дека се работи за лимонов сок избегнувајте го чистењето на подрачјето околу очите.
Банана и млеко од соја
Една банана претворете во пире и измешајте со лажица млеко од соја. Кога ќе добиете изедначена смеса нанесете ја на лицето и оставете да стои десетина минути а потоа измијте со топла вода. Така ќе ја извадите шминката а кожата ќе ви биде нежна и негувана.
