Стил на денот- Холограм
Објавено: 21 ноември, 2013, во 08:59 часот
Што е футуристички,модерно и сјајно? Да ,тоа е трендот холограм секако…
Оваа сезона додадете малку луксуз на својот изглед во вид ан холограм чанти,чевли,лак за нокти,кошули,сукњи па дури и панталони. Можеби мислите дека премногу сјајна облека не е за вас но ве уверуваме дека кога се носи правилно,сјајниот и единствен холографски ефект може да остави многу добро чувство. Во холограм изгледите на пистите сме видел многу од тоа,доминираше на ревиите на Брабери,Џонатан Сандерс и Стела Макартни. Креаторите користат холографски ефекти за да ја воодушеват публиката и визуелно да ја збогатат ревијата. Па зошто не го збогатите вашиот есенски изглед?
Постојат многу разни начини овој тренд да се употреби. Сјајна сукња може да се комбинира со еднобојна кошула. Ако големи дози на холограм не се ваш избор тогаш впуштете се во светот на холограмски нокти каде можете да играте с разните опции на холограмски маникир.
Уште еден фантастичен начин за да го употребите е холограмска чанта која можете да ја носите со едноставни фармерки и маица со принт. Холограмскиот тренд може да биде забавен и модерен додаток на вашата гардероба.
