Значење на модерната црна боја

Објавено: 18 ноември, 2013, во 09:44 часот

Иако црната боја никогаш не излегува од мода особено во есенските и зимските месеци оваа сезона е посебно модерна. Црни кожни јакни,црни фустани од чипка и сакоа веројатно се предмети кои секоја жена ги има за облекување.

Црната боја обично се смета за таинствена боја,таа штит од надворешен емотивен стрес и смирува. Со црната боја креирате бариера помеѓу себе и надворешниот свет и таа дава удобност и пријатност. Обично црната боја се носи во жал и тага бидејќи дава емотивно сокривање,ја крие ранливоста,несигурноста и недостаток на самодоверба. Исто така лицата кои се во некој вид внатрешна транзиција на пример во пубертет,кога минуваат од фаза на детство во возрасна личноста,сакаат црно бидејќи оваа боја им овозможува откривање на сопствениот идентитет.

Во психолошка смисла црната боја дава самодоверба. Претставува личност која има информации а со тоа има и моќ. Обично на лицата во црно гледаме како на конзервативни и сериозни или од друга страна тежнеат кон своја цел и ставови. Црната боја е исто така боја на свеченоста,префинетост и елеганција а малиот црн фустан ила култен статус.

Ако носете црна боја ќе изгледате и послаби.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.