Потег со моливче кој засекогаш ќе го смени вашиот изглед

Објавено: 15 ноември, 2013, во 10:26 часот

Оваа брза и едноставна метода на нанесување на моливче ги отвора очите  го зголемува волуменот на трепките,објаснува шминкерката Meli Ronkal. Земете моливче за очи и испробајте!

Прв чекор

Моливчето нанесете го пред маскарата ,трепките ќе бидат посредени. Врвот насочете го веднаш над врвот на горните трепки а потоа линијата цртајте ја со кратки движења,подобро отколку во еден потег бидејќи така може да настанат дупчиња. Нацртаната линија нека биде тенка.

Втор чекор

Не грижете се ако линијата е крива бидејќи преку неа ќе поминете со четкичка за сенка и така ќе ја омекнете. Изразено остра рамна линија ќе ве направи постари.

Трет чекор

Сега моливчето ставете под линијата на горните трепки за да направете внатрешна линија. Преминете со моливчето напред назад неколку пати – тоа е клуч на природен изглед.

Конечен изглед

Поентата е линијата да не се истакнува – туку само вашите преубави очи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.